Група на кинески научници од Шангај Универзитетот добија интересна идеја: Светилка која произведува сопствен Wi-Fi сигнал.
Група на кинески научници од Шангај Универзитетот добија интересна идеја: Светилка која произведува сопствен Wi-Fi сигнал. Технологијата е наречена Li-Fi, а прототипот работи подобро од просечната интернет поврзаност во Кина.
Научниците со поставување на 4 компјутери во близина на Li-Fi светилката, откриле дека сите се поврзани на интернет преку користење на светлосните фреквенции наместо вообичаените радио бранови. На светилките е вграден микрочип кој произведува сигнал, давајќи брзина од 150 mbps – далеку побрзо отколку типични интернет конекции во Кина.
Една од предностите е тоа што Li-Fi има пристапна цена. Следниот месец истражувачите ќе покажат 10 примероци од оваа светилка, а земјата се движи во насока во која Li-Fi може да станат дел од практичната употреба и комерцијално остварливи средства.
Секако, постојат уште некои технички детали, кои се занимаваат со дизајнот на микрочипот и производството. Меѓутоа очигледно е дека Li-Fi станува експеримент со светла иднина.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град