Првата дама на СФРЈ ќе почива покрај Тито

Јованка Броз, сопругата на некогашниот претседател на СФРЈ Јосип Броз Тито, почина вчера после тешка болест во Ургентниот центар на 89-годишна возраст.

 |  Голабовски Крсте  | 
Jovanka Borz
Јованка Броз

Јованка Броз, сопругата на некогашниот претседател на СФРЈ Јосип Броз Тито, почина вчера после тешка болест во Ургентниот центар на 89-годишна возраст. И покрај вложениот труд и залагањето на целокупниот персонал на Клиничкиот центар за пациентката примена на 23-ти август оваа година во исклучително тешка состојба, во недела во 11:45 часот, дошло до прекин на работата на срцевиот мускул – стои во соопштението на Клиничкиот центар на Србија.

Jovanka BorzДека била тешко болна, никој не знаел точно. Дури кога и’ се слошило на крајот од август, јавноста дознала дека Јованка боледува од рак. Тогаш била примена на Ургентниот центар во исклучително тешка состојба, а лекарите од тогаш се бореле за нејзиниот живот.

Премиерот Ивица Дачиќ упатил телеграма со изразување на најдлабоко сочуство на семејството на Јованка Броз истакнувајќи дека „со нејзината смрт заминува и еден од најверодостојните сведоци на историјата на некогашната држава, која со прогонот го платила тој факт“.

На Јованка Броз ќе и’ биде исполнета последната желба – да биде закопана до гробот на својот сопруг Јосип Броз Тито. Владата на Србија денес ќе формира организационен одбор за закопот каде што ќе се одреди местото и датумот на закопувањето, најавил министерот Расим Љајиќ.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top