Контроверзниот историчар Гевин Мензис тврди дека оваа карта од 1418 година докажува дека Новиот Свет бил откриен од адмиралот Тој Женг од Кина, некои 70 години пред Колумбо.
Контроверзниот историчар Гевин Мензис тврди дека оваа карта од 1418 година докажува дека Новиот Свет бил откриен од адмиралот Тој Женг од Кина, некои 70 години пред Колумбо. Мензис, кој е омилен помеѓу екстремните историчари неодамна ја објави книгата „Who discovered America“, во која тој открива неколку тврдења – вклучувајќи го и тврдењето дека кинеските морнари биле првите кои го преминале Тихиот Океан пред околу 40.000 години. Ова е најновата серија на книги во кои тој ја наметнува прилично чудната теорија дека кинеските морнари ги открија континентите на Новиот Свет.
Во неговата книга, тој ја поддржува неговата теорија со мапа пронајдена во книжарница. Дејли Меил неодамна зборувал со Мензис:
Документот, вели тој е копија на мапата на Адмиралот од 1417 година. Мензис тврди дека таа јасно ги покажува реките и бреговите на Северна Америка како и континетот на Јужна Амерука. Откако било потврдено дека мапата не е фалсификат, Мензис побарал тим на историчари кои ја анализирале и заклучиле дека станува збор за мапа напишана од династијата Минг – кинески период кој траел од 1368 до 1644 година.
Меѓутоа постојат и неколку други историчари предводени од Џеф Вејд кои истакнуваат дека станува збор за мапа која е двојно-хемисферна, катрографска традиција исклучиво европска. Калифорнија е претставена како остров, директно копирана од европските мапи од 17 век, додека пак Кина е поставена на центарот на мапата. Веројатно информациите на мапата биле натрупани со текот на времето и културите низ кои патувала. Совршено се вклопува во рамките на историјата на европската картографија, меѓутоа е аномалија во кинеската картографија.
Хималаите се означени како највисоките планини во светот. Овој факт бил откриен во 19 век.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град