Челниците на НБА лигата најверојатно ќе направат промена на традиционалниот формат на финалната серија и ќе го вратат 2-2-1-1-1 форматот како и во сите останати рунди од плејоф серијата.
Челниците на НБА лигата најверојатно ќе направат промена на традиционалниот формат на финалната серија и ќе го вратат 2-2-1-1-1 форматот како и во сите останати рунди од плејоф серијата.
Натпреварувачката комисија на НБА лигата гласаше позитивно за поднесувањето на предлогот до бордот на директори на НБА лигата за промената на форматот на финалната серија од плејофот.
Моменталниот 2-3-2 формат на одигрување на натпревари во финалето се очекува да биде вратен на 2-2-1-1-1 формат како што и се играат претходните рунди.
Овој формат се користи од 1985-та година кога чести во финалињата се среќаваа Бостон Селтикс и ЛА Лејкерс, па за нив беа проблематични долгите летови. Сега сите екипи користат чартер летови и го немаат тој проблем со патувањето.
Според критичарите, овој формат им дава предност на послабо рангираните тимови во петтиот натпревар кој се смета са клучен во серијата. Минатата сезона Мајами Хит станаа само четвртиот тим во 29 годишната историја кој се вратил од 2:3, победувајќи на последните два натпревари на домашен терен.
Промената на форматот најверојатно ќе биде изгласана на следниот состанок во октомври и ќе биде имплементирана за финалето во 2014-та година.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град