Проблемот со решавањето на нерационалниот страв (затоа што рационален страв, на пример од мечка е корисен) е што до сега главен метод е директно соочување со истиот. Метод кој од очигледни причини и не е најпријатен.
Проблемот со решавањето на нерационалниот страв (затоа што рационален страв, на пример од мечка е корисен) е што до сега главен метод е директно соочување со истиот. Метод кој од очигледни причини и не е најпријатен.
Сега една студија објавена во Nature Neuroscience анализра како би можело проблемот со нерационалниот страв да се решава на спиење.
Во експериментот научниците прво создале страв кај испитаниците поврзувајќи мали електрични шокови, со слики од лица и одредени мириси. По некое време испитаниците се потеле секој пат кога ќе ја виделе сликата или ќе го осетеле мирисот.
По ова следува делот со лечењето на стравот, па на испитаниците почнале да им пуштаат по малку од спорниот мирис секој пат кога овие заспивале, посебно за време на делот од сонот кога мозокот ги разработува скорешните сеќавања.
По ова, испитаниците кои инаку почнувале да се потат секој пат кога ќе го почувствувале мирисот што претходел на електричните шокови, сега имале многу посмирена реакција. Исти резултати покажало и скенирањето на мозокот.
Во исто време, кај контролната група на која мирисот и бил пуштан додека биле будни и гледале документарец, имало далеку послаби резултати отколку кај спијачите.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град