Финците биле навистина фини

Најчесните граѓани во светот живеат во главниот град на Финска, Хелсинки. Во овој град биле вратени 11 од 12 загубени паричници.

 |  Голабовски Крсте  | 
paricnik
паричник

Според истражувањето спроведено од Ридерс дајџест, Хелсинки е најчесниот град во светот. Репортерите на Ридерс дајџест за да го спроведат ова истражување намерно во различни градови низ светот загубиле 192 паричници. Всушност, во секој од 16-те градови опфатени во истражувањето оставиле по 16 паричници на јавни места, а во нив имало број на мобилен телефон и 50 долари. Потоа, набљудувале што ќе се случи.

paricnikОд 12 намерно загубени паричници во Хелсинки биле вратени дури 11. На второ место е Мумбаи каде од 12 паричници биле вратени 9, а на третото место на листата се најдоа Будимпешта и Њујорк каде осум паричници се вратени. По нив следуваат Москва, Амстердам, Љубљана, Варшава, Букурешт и Рио де Жанеиро, потоа Цирих, Прага и Мадрид.

Најнечесен град според ова истражување е Лисабон, каде што е вратен само еден од 12 паричници.
Скопје во ова истражување не беше вклучено, но секако дека интересни би биле резултатите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top