Најмалку 218 загинати и 400 повредени е билансот по вчерашниот земјотрес кој ја погоди западната пакистанска провинција.
Најмалку 218 загинати и 400 повредени е билансот по вчерашниот земјотрес кој ја погоди западната пакистанска провинција.
Од потресот со интензитет од 7,8 степени според Рихтеровата скала најмногу настрада градот Аваран, а се појави нов остров во Арапско море.
Според локалните медиуми, во Аваран речиси и да нема објект што не е оштетен, а околу 30 проценти од зградите и куќите се целосно урнати. Цели делови на градот се срамнети со земја, а илјадници лица ноќта ја минаа на отворено.
„Се обидуваме потешко повредените да ги префрлиме со хеликоптери во Карачи и другите соседни окрузи“ – изјави портпаролот на провинциската влада на Белуџистан, Џан Мохамед Буледи.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град