Големото богатство, носи и големи долгови

Во Швајцарија просечниот износ на нето финансиската актива по жител, на крајот на минатата година изнесувал 141.890 евра, со што тие се најбогатите, пред САД и Јапонија, покажува истражување кое опфатило 50 земји во светот.

 |  Голабовски Крсте  | 
крава
krava

Во Швајцарија просечниот износ на нето финансиската актива по жител, на крајот на минатата година изнесувал 141.890 евра, со што тие се најбогатите, пред САД и Јапонија, покажува истражување кое опфатило 50 земји во светот.

Во студијата која се занимава со имот и задолженост по жители, а која ја спрoвела осигурителната куќа „Алијанс“ се наведува дека во Европа второто место го зазела Белгија, со просечен вреден имот од 73.520 евра по жител.

Порастот на бруто вредноста на имот на Швајцарците, минатата година, изнесувал 6,2 отсто, додека нивниот нето имот забележал пораст од 7,4 отсто.

logoНо, на долг рок гледано, финансискиот имот на граѓаните на Швајцарија во период од 2001 до 2012 година порасна за 0,5 отсто просечно на годишно ниво, што е под стапката на инфлација во истиот период.

Што се однесува до задолженоста на граѓаните, со износ од 76.200 евра долг по жител, на крајот на 2012 година, Швајцарија исто така го држи првото место.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top