Триумфот на „Braking bad“ на овогодинешните „ЕМИ“ награди

На свечена церемонија во Лос Анџелес се одржа 65-годишното доделување на Еми наградите.

лого
logo

На свечена церемонија во Лос Анџелес се одржа 65-годишното доделување на Еми наградите.

dobitnikЗа најдобра драмска серија, во конкуренција на „House of Garden“, „Games of Thrоnеs“, „Homeland“ и други, беше прогласена „Breaking Bad“, драма за професорот кој поради болест одлучува да ја направи најдобрата дрога за да го обезбеди своето семејство.

За најдобра женска улога наградата ја доби актерката Клер Денс која толкуваше улога на агент во серијата „Homeland“, додека наградата за најдобра машка улога ја доби Џеф Даниелс за серијата „New Room“.

Актерката Ана Ган ја доби Еми наградата за најдобра женска споредна улога, во серијата „Braking Bad“,  додека Боби Канавале ја доби наградата за најдобра машка споредна улога за серијата „Boarwalk Empire“.

Актерот Џим Парсонс ја доби Еми наградата за најдобра машка улога во комедија за серијата „Big Bang Theory“, додека номинирани беа и „30 Rock“, „Girls“, „Louie“, „Modern Family“ и „Veep“.
Еми наградата за најдобра мини серија ја освои „Behind the Candelabra“, серија во која станува збор за животот на славниот забавувач Либерачи.

Џесика Ланг триумфираше во категоријата за најдобра актерка во мини серијата, односно за „American Horror Story“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top