Гробиштата обично не се шарени, но ова е исклучок. Овие гробишта се наоѓаат во селото Сапинца во Романија, близу до границата со Унгарија. Тие дури имаат сопствен назив – среќни гробишта.
Гробиштата обично не се шарени, но ова е исклучок. Овие гробишта се наоѓаат во селото Сапинца во Романија, близу до границата со Унгарија. Тие дури имаат сопствен назив – среќни гробишта.
Епитафите не се исти како кај останатите гробишта, туку се кратки и забавни приказни за животот. На пример, на еден пишува: „Најмногу сакав да седам во бар со нечија жена“.
Историјата на необичните гробишта започнува во триесеттите години од изминатиот век, кога едно 14-годишно момче наречено Џон Петриш Стан започнало да создава крстови за локалните гробишта. Тој сакал да ги создава крстовите според карактерот на личност. На локалните жители им се допаднала идејата.
Надгробните крстови се полни со симболи. На пример, жолтата боја значи плодност, црвената страст а црната смрт. Црната птица претставува трагична и неочекувана смрт.
Како и секој голем мајстор, Петриш пред да почине во 1977 ги пренел своите способности на Думитру Попа, кој се’ уште ја работи оваа работа.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град