Најмалку осум лица загинаа, а 650 се водат за исчезнати во катастрофалните поплави што ја зафатија американската сојузна држава Колорадо, соопштија локалните власти.
Најмалку осум лица загинаа, а 650 се водат за исчезнати во катастрофалните поплави што ја зафатија американската сојузна држава Колорадо, соопштија локалните власти.
Постои можност голем број луѓе, кои се водат за исчезнати, едноставно да се целосно отсечени од светот поради прекинот на електричната енергија и телефонските врски.
Досега се евакуирани речиси 11.700 лица. Над 1.500 домови се разурнати, а 18.000 се оштетени. Голем број патишта и мостови се оштетени. Ова се едни од најголемите поплави во Колорадо во историјата на државата. Изминатите неколку дена во американската држава наврна дожд колку за неколку месеци. Без сомнение ова е историски настан, што се случува еднаш на 500 или 1.000 години, изјави претставник на локалните власти. Најтешко погодени од поплавите се 15 окрузи во Колорадо во подножјето на Карпестите Планини.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град