Германската надворешна политика ја слабее ЕУ

Промените и новото однесување на Германија во надворешната политика се закануваат да ја ослабнат Европската Унија.

 |  Крсте Голабовски  | 
germansko zname
германско знаме

Промените и новото однесување на Германија во надворешната политика се закануваат да ја ослабнат Европската Унија.

Во Брисел, Париз и во другите европски престолнини, како и во Вашингтон, се почесто не се крие незадоволството што официјален Берлин во многу ситуации делува сам и на своја рака, заобиколувајќи ја притоа заедничката политика на ЕУ.

Германија последна и без ниту малку волја се согласи да се приклучи на заедничката акција на Унијата за санација на последиците од глобалната финансиска и економска криза.Берлин се противеше и се уште се опира на предлозите на Европската комисија за спречување на климатски промени.

germansko znameИстовремено, инсистира на оддржување добри и блиски односи со Русија, сметајќи го тоа како свој важен државен интерес.
Германија не е подготвена да наметне посилни економски санкции врз Иран, а целосно потфрли со својата улога во Авганистан, изневерувајќи ги своите сојузници со малиот придонес во операциите на НАТО.

Најголемиот број Германци традиционално веруваат дека она што е корисно и добро за ЕУ е прифатливо и добро и за Германија, но по проширувањето на Унијата од мај 2004 година, се почесто е видливо дека германските и европските интереси повеќе не се поклопуваат, вели лондонскиот весник.

Тоа е новиот германски унилатерализам за кои Фајненшел тајмс смета дека е повеќе  несвесен, отколку што е планиран политички процес, особено што многу Германци и натаму веруваат дека се добри европејци.
Денешниот германски национализам, во секој случај, не е онака застрашувачки, каков што беше некогаш, заклучува весникот.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top