Саркози избран за „европски политичар на годината“

Францускиот претседател Никола Саркози синоќа е избран за „европски политичар на годината“ во конкуренција на шест именувани кандидати, во изборот кој го организираше бриселскиот неделник „Јуропиен војс“ (European Voice).

 |  Крсте Голабовски  | 
Nikola Sarkozi
Никола Саркози

Францускиот претседател Никола Саркози синоќа е избран за „европски политичар на годината“ во конкуренција на шест именувани кандидати, во изборот кој го организираше бриселскиот неделник „Јуропиен војс“ (European Voice).

Nikola Sarkozi, Karla BruniСаркози освои најголем број гласови од читателите на бриселскиот неделник, а именуван е поради успехот во постигнувањето договор за прекин на руско-грузискиот конфликт.
Меѓу шестмината именувани европски политичари се наоѓал и српскиот претседател Борис Тадиќ, кој бил предложен поради, како што наведе „Јуропиен војс“, „приближувањето на својата земја кон членството во ЕУ и екстрадирањето на Радован Караџиќ во Хашкиот трибунал“. Останатите кандидати за „европски полтичари на годината“ беа полскиот премиер Доналд Туск, германскиот министер за енергетика Сигмар Габриел, кипарскиот претседател Димитрис Христофиас и лиодерот на кипарските Турци Мехмет Али Талат.

Еврокомесарот за заштита на потрошувачите, Меглена Кунева е избрана за „Европеец на годината“, комесарот за заштита на човековата околина Ставрос Димас е избран за „европски комесар на годината“, а Луксембуржанинот Клод Турмес за „европски пратеник на годината“.
Наградите беа доделени на гала вечерта во Брисел, чиј домаќин беше лидерот на Партијата на европските социјалисти и поранешен дански премиер, Нируп Расмусен.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top