Се чини дека луѓето сé повеќе читаат книги, во електронска, но и во печатена форма. Тоа го покажуваат статистиките за продажбата и објавувањето на книгите.
Се чини дека луѓето сé повеќе читаат книги, во електронска, но и во печатена форма. Тоа го покажуваат статистиките за продажбата и објавувањето на книгите.
Според статистиките од 2013 година, само 20% од продадените книги се електронски, додека 80% се печатени.Продажбата на печатените книги се зголемила за 1,3% во 2012 година. Продажбата на електронските книги се зголемила за 44,2 % во 2012.
Самостојно објавените книги се зголемиле тројно во последните 5 години, односно за 287%. Традиционално објавуваните книги пораснале 6 %. Според извештајот на „Њујорк тајмс“, повеќето книги кои се објавени самостојно не се продаваат многу, освен некои исклучоци.
Една просечна книга која е објавена преку издавачка куќа во САД е продадена во помалку од 250 примероци годишно. Земјата во која се објавуваат најмногу книги е САД, со 328.260 нови книги годишно. Втора е Велика Британија со 206.000 книги, а на третото место е Кина со 189.295 книги.
Што се однесува до книгите напишани од познатите личности, една од најпродаваните е онаа на Тина Феј, 921.856 примероци. Меѓу најслабо продаваните се наоѓа детската книга на Париз Хилтон, со продадени 2.855 примероци.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град