Италјанскиот премиер Силвио Берлускони денеска ќе престојува во официјална посета на Тирана.
Италјанскиот премиер Силвио Берлускони денеска ќе престојува во официјална посета на Тирана.
Прашањата од енергетската сфера се очекува да бидат во фокусот на разговорите што Берлускони ќе ги води со неговиот албански колега Сали Бериша.
Во Тирана е најавено дека Бериша и Берлускони ќе разговараат и за производство на нуклеарната енергија, како и за Коридорот 8, јави дописникот на Макфакс.
Најавено е и потпишување на две спогодби во сферата на енергетиката. Станува збор за реализирање на два големи проекти на италјански компании во Албанија, чии инвестиции изнесуваат стотици милиони евра, за изградба на енергетски капацитети за производство на електрична енергија на ветер, како и фабрика за производство на гас.
Италија е една од главните држави инвеститори во Албанија, а е на чело на земјите според испратена помош за Албанија, во износ, досега, од 650 милиони евра.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град