И покрај тоа што сеуште се бројат гласовите во Албанија, победата на левицата е сигурна, а десницата која ја водеше власта два мандати е пред голем пораз.
Коалицијата за Европска Албанија која ја преводи Социјалистичката партија на Еди Рама, од вкупно 70 отсто од пребројаните гласачки места во 12 изборни региони во земјата, има освоено засега 83 мандати додека Коалицијата за вработување, благосостојба и интеграции предводена од Демократската партија на Сали Бериша има 52 мандати.
Засега мандати во албански парламент, кој има 140 места, освоија и две партии кои се надвор од коалициите, партијата Нов демократски дух на екс претседателот Бамир Топи, и Партијата „Црно Црвена Алијанса“ на Крешни Спахиу.
Левицата од вкупно 12 изборни региони води во 11, освен во Кукс.
По изброените 80 отсто од гласовите во изборниот регион на Корча, каде партија на Македонците во Албанија – Македонска Алијанса за Европска Интеграција имаше најмногу изгледи за добивање на еден мандат, шансите се минимални.
Имено, податоците на ДИК говорат дека МАЕИ, има добиено досега 1.167 гласови, што значи дека е тешко да се очекува дека Валентина Нестор која ја предводи листата на МАЕИ ќе собере над 3500 гласови колку што беа потребни.
И овој пат Македонците гласаа повеќето за големите партии отколку за МАЕИ.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град