Во последниве 24 часа, судбината на Едвард Сноуден е предмет на интерес на сите светски медиуми.
Во последниве 24 часа, судбината на Едвард Сноуден е предмет на интерес на сите светски медиуми. Кога се рашири веста дека Сноуден отпатувал за Москва, од каде ќе отпатува за Куба, новинарите го букираа летот со кој Сноуден требаше да замине, но ги дочека изненадување. Сноуден не беше во авионот.
Околу триесет новинари купиле билети за летот со кој Сноуден требало од Москва да отпатува за Хавана, но тој не се појавил.
Новинарите од Guardian ситуацијата ја опишаа на следниов начин:
„Едвард Сноуден не се наоѓа на летот на Аерофлот за Хавана. Но, затоа тука се еден куп новинари“.
Вчера, Сноуден објави дека ќе оди по стапките на Асанж и побара азил од Еквадор. Сноуден успеа да излезе од Хонгконг кратко време откако САД му го поништија пасошот, по што со комерцијален лет пристигна во Москва.
Инаку властите во САД и официјално подигнаа обвинение против Сноуден по неколку точки, а властите на САД им порачаа на Русите дека мора да им го екстрадираат. Русите од друга страна не само што не планираат да го направат тоа, туку и му помагаат на Сноуден да стигне на безбедно тло.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град