Броjот на жртвите во трагедијата во Мумбај достигна 195, а повредени се 295 лица, соопштија локалните власти откако се пронајдени уште тела во хотелот „Таџ Махал“.
Броjот на жртвите во трагедијата во Мумбај достигна 195, а повредени се 295 лица, соопштија локалните власти откако се пронајдени уште тела во хотелот „Таџ Махал“.
Шантарам Џадав од службата за контрола на катастрофи предупреди дека бројот на жртвите може да се зголеми затоа што има тела кои се на пат кон болница.
Индиските командоси утрово ги убија последните вооружени мажи кои го опседнаа луксузниот хотел, со што заврши 60-часовата опсада во финансискиот центар на Индија, за која се претпоставува дека е дело на исламски екстремисти.
„Таџ Махал“ е под наша контрола“, соопшти началникот на полицијата на Мумбај Хасан Гафур.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град