Блогерот од Либерија

Во Либерија, земја каде што радиото и телевизијата се луксуз и повеќето луѓе не можат да си ги дозволат, постои еден новинар кој пронајде начин како да носи дневни вести и информации до неговите сограѓани – преку црна табла.

bloger
bloger

Во Либерија, земја каде што радиото и телевизијата се луксуз и повеќето луѓе не можат да си ги дозволат, постои еден новинар кој пронајде начин како да носи дневни вести и информации до неговите сограѓани – преку црна табла.

blogerИдејата за овој весник видела светлина во 2000 на сред 14 годишната граѓанска војна во Либерија. Алфред верувал дека добро информираните граѓани се клучот за новата преродба на Либерија после толку години војна. Секое утро, Алфред купува голем број весници и ги разлистува за најважните случувања. За интернационалните вести тој оди во локалното интернет кафе и ги пребарува страните на BBC, ABC итн. Исто така, тој прифаќа и пораки и информации од голем број волонтери. Откако ќе се одлучи што сака да „постира“, тој ги запишува информациите на таблата – процес којшто трае и по неколку часа.

„The Daily Talk“ се наоѓа на булеварот Тубман, кој е главен автопат во Монровија. Повеќето патници и пешаци кои се премногу сиромашни за да имаат било каков пристап до весник или интернет се надеваат на неговата табла за „доза“ локални, национални и интернационални вести. За да допре до оние кои не знаат да читаат, Сирлиф има создадено серија на фотографии и предмети за да ги симболизира вестите. Предметите вклучуваат син шлем за ЕУ и бело шамивче за Обама.

Но весникот на Сирлиф се соочувал со голем број неволји во текот на првите години на неговото постоење. За време на војната, големиот број критики од страна на Сирлиф ја налути Либерската влада, па така, Сирлиф беше уапсен, а полицијата два пати по ред му ја уништуваше таблата. Како што се врати мирот се врати и „The Daily Talk“ и денес е еден од најчитаните извори на вести.

Најголемиот проблем на Сирлиф се финансиите. Повремените донации и при-пејд телефонски картички се она што неговиот бизнис го одржуваат во „живот“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top