Серија од 20 торнада го опустошија централниот дел на САД

Најмалку едно лице го загуби животот, а десетици се повредени во големото невреме проследено со торнада и обилни врнежни од дожд во централниот дел на САД.

 |  Голабовски Крсте  | 
pustos
пустош

Најмалку едно лице го загуби животот, а десетици се повредени во големото невреме проследено со торнада и обилни врнежни од дожд во централниот дел на САД.

Американскиот Среден запад во текот на вчерашниот ден беше зафатен од серија торнада и невреме во кое животот го загубило најмалку едно лице, а десетици се повредени. Најсилното невреме било забележано во државите Оклахома, Канзас и Ајова, каде се уништени голем број домови и електрични инсталации.

торнадоВо градот Шони во Оклахома, торнадото минало директно низ камп со мобилни домови (трејлери) и таму е пријавено единствената жртва. Очевидци велат дека торнадото било со огромна силина и буквално збришало се’ пред себе. Жителите кои навреме се засолниле во подземните скривалишта, велат дека откако излегле од нив повеќе не можеле да ја препознаат околината, ниту да си ги пронајдат домовите.

Според американската метеоролошка служба, големото невреме загрозува огромен дел од САД, од Тексас на југ до Минесота на северот на земјата.

{loadposition content9}

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top