Масакр или обично улично насилство во Њу Oрлеанс?

За време на одржување на парада по повод Денот на мајките во американскиот град Њу Орлеанс, непознати лица отворија оган врз колона од 400 луѓе.

 |  Голабовски Крсте  | 
new oreans
њу орлеанс

Најмалку 19 луѓе, меѓу нив и две деца, се повредени откако непознати лица отворија оган врз учесниците на парадата за Денот на мајките во Њу Орлеанс во американската сојузна држава Луизијана. Непознати лица пукаа од огнено оружје врз група од околу 400 луѓе кои го следеа, со музика, официјалниот дел од вчерашната парада.Меѓу повредените, кои не се животно загрозени се и две 10-годишни деца.

new oreansПретставници на Федералното истражно биро соопштија дека е во прашање улично насилство и ја отфрлија можност од терористички напад.

„Тоа е вообичаен акт на улично насилство во Њу Орлеанс, изјави претставник на ФБИ. Во јужниот американски град во државата Луизијана е забележано едно на највисоките нивоа на криминал во САД.

Полицијата трага по тројца осомничени.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top