Најмалку три лица загинаа, а шестмина се ранети во судар на брод во контролната кула во пристаништето во италијанскиот град Џенова.
Најмалку три лица загинаа, а шестмина се ранети во судар на брод во контролната кула во пристаништето во италијанскиот град Џенова. Судбината на седум лица се уште не е позната.Двајца од загинатите се вработени во пристаништето, а третиот е еден од капетаните. Според локален весник во несреќата загинале двајца мажи и една жена.Огромната, над 50 метри висока кула, е разурната од сударот.
Инцидентот се случил точно при предавањето на смените на вработените и затоа во кулата имало повеќе луѓе од вообичаеното.
Три лица веројатно биле блокирани во лифтот на кулата и можеби паднале во морето.Сударот се случил додека товарниот брод „Џоли Неро“ менаверирал на излегување од пристаништето. Бродот со должина од 238 метри и тежина од 40.594 тони е сопственост на компанијата Инацио Месина енд. Ко.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град