Стручњаци од Универзитетот во Сасекс сметаат дека не би требало да се лутиме кога некој, по само неколку минути откако сме се запознале, и понатаму не ни го знае името.
Стручњаци од Универзитетот во Сасекс сметаат дека не би требало да се лутиме кога некој, по само неколку минути откако сме се запознале, и понатаму не ни го знае името.
Научниците откриле дека, иако можеме да ѝ пристапиме на меморијата неколку часа откако ќе научиме нешто, таа не ни е достапна некое време.
Иако не е целосно јасно зошто се случува тоа, истражувачите веруваат дека тоа е клучен процес во работата на мозокот за да се избегне преоптоварување со информации.
Научниците од Универзитетот во Сасекс изјавиле дека секое попречување во текот на овие мемориски паузи може да го прекине процесот и да го запре формирањето на меморијата. Еден од стручњаците, доктор Идико Клеменс изјави дека овие мемориски прекини отсекогаш претставувале мистерија.
„Формирањето мемеорија е процес што бара голема количина енергија. Мозокот во тие паузи мора да одлучи дали одредена информација е вредна да се употреби доволно енергија за да се складира во мозокот. Мозокот има ограничен капацитет кога е во прашање меморијата и спречува формирање одредени мемории за да се избегне преоптоварување“, тврди Клеменс.
Во своето истражување, доктор Клеменс во исхраната на неколку полжави додал непозната супстанција за да види дали тие ќе научат да ја препознаваат како храна.
Кога полжавите повторно биле нахранети, тие реагирале на вообичаените стимуланси сѐ додека меморијата не била реорганизирана за некои 4 часа.
Меѓутоа, доколку полжавот добие друг стимуланс во текот на мемориската пауза, консолидацијата на меморијата е узурпирана.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град