„USAID“, протерана од Боливија

Боливискиот претседател Ево Моралес изјави дека ja протерува Агенцијата на САД за меѓународен развој (USAID) од неговата земја за наводно мешање и заговор против владата, јавува Си-Ен-Ен.

 |  Голабовски Крсте  | 
Evo Morales
Ево Моралес

Боливискиот претседател Ево Моралес изјави дека ja протерува Агенцијата на САД за меѓународен развој (USAID) од неговата земја за наводно мешање и заговор против владата, јавува Си-Ен-Ен.

pomos“УСАИД е надвор, јас побарав од министерот за надворешни работи веднаш да комуницира со Амбасадата на САД”, изјави Моралес во својот говор вчера, според државната АБИ новинска агенција.

Според боливискиот веб-сајт на УСАИД, агенцијата работела таму од 1964 година и оваа агенција, се грижи за здравјето, одржливиот развој и еколошките програми во земјата.

Агенцијата вели дека нејзините буџетот за 2011 година за Боливија беше 26.700.000 $.
Стејт департментот ја нарече одлуката жална и рече дека оние кои ќе бидат повредени со протерувањето, всушност ќе бидат обичните Боливијци.

“Ние ги негираме неоснованите обвинувања од боливиската влада”, рече портпаролот на Стејт департментот Патрик Вентрел, на обвинувањата дека агенцијата се мешал во боливиските внатрешни работи.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top