Мастурбацијата има слично позитивно дејство на нашето тело, но и душата велат стручњаците.
За потполно да уживаме во сексот,најпрво мора да го запознаеме своето тело, но и своите сексуални потреби за тоа што ни годи, а што не. За тоа, меѓудругото служи и мастурбацијата. Благодарејќи на самозадоволувањето се испитуваме себе. Тоа пред се важи за жените, бидејќи за разлика од мажите потешко доживуваат оргазам.
При мастурбирање, жената може да открие кои дразби ја возбудуваат и каква стимулација ќе ја доведе до врв. На тие откритија ќе и биде благодарен и партнерот, бидејќи жената која знае што сака, ќе може тоа да му го каже и ќе заштеди многу труд, но и потенцијалното незадоволство по сексот.
Кога мажите се во прашање, резултатите од големиот број на истражувања потврдиле дека мастурбацијата може да ја намали појавата на рак на простата. Ако редовно ги исфрлуваат сперматозоидите, барем петпати неделно, имаат помали шанси да заболат.
Истражувањето во Австралија опфатило 2500 мажи на возраст од 20 до 50 години, од кои 1000 имале рак на простатата. Се испоставило дека оние мажи, кои често практикуваат мастурбација, имаат помали шанси да заболат од карцином.Освен ова, самозадоволувањето опушта. По напорниот работен ден, стрес во врска со семејните родителски обврски, спремање на испити, мастурбацијата може многу да помогне.
Без разлика дали ќе се опуштите на фотелја со ТВ или непланирано во текот на туширањето, или посебно ќе се подготвите, мастурбирањето сигурно ќе ве релаксира. За потполн третман може да ја наполните кадата, да го угасите светлото, запалете мирисни свеќи, пуштете ја омилената музика и посветете се на себе и на своето тело.
Мастурбацијата е посебно благотворна пред спиење. И како чај од хибискус или вино што можат да помогнат, оргазмот во тој дел е незаменлив. Ако нема кој да ви помогне,почастете се за добра ноќ. Кога очите почнуваат да се затвораат, угасете го светлото, затворете ја книгата и препуштете се на уживање во сопственото тело. Може да користите и секси играчки, но ако немате прстите на данките се доволни.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град