Советот за безбедност на ОН денеска ќе расправа за планот на генералниот секретар Бан Ки-мун за реконфигурација на меѓународната цивилна мисија на Косово.
Советот за безбедност на ОН денеска ќе расправа за планот на генералниот секретар Бан Ки-мун за реконфигурација на меѓународната цивилна мисија на Косово.
Според одредбите од планот, договорен меѓу ОН и Србија, идната цивилна мисија ЕУЛЕКС ќе има неутрален статус по однос на независноста на Косово, што, според српските медиуми, значи дека присуството на оваа мисија нема да претпоставува признавање на независноста.
Планот предвидува и ОН да ја зачува контролата врз полицијата и цариниците во северно Косово, каде Србите се мнозинство.
Во текстот се наведува дека претставникот на ОН и шеф на Мисијата на ОН во Косово (УНМИК), Ламберто Заниер ќе соработува со ЕУ со цел да се зајакне оперативната улога на ЕИЛЕКС во областа на изградбата на правна држава.
„ЕУЛЕКС ќе ги почитува одредбите од резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН и ќе дејствува под заедничко раководство на ОН и во контекстот на неутралноста на организацијата по однос на статусот на Косово“, се наведува во планот на Бан.
Распоредувањето на ЕУЛЕКС во Косово, „кое што ќе биде координирано со УНМИК, ќе се изврши во тесна консултација со засегнатите страни“, стои во предложениот текст.
Приштина се противи на овој план од шест точки, сметајќи дека тој претставува посегнување по суверенитетот на Косово.
На седницата на Советот за безбедност на ОН ќе учествува и српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ, кој вчера оцени дека планот на Бан Ки-мун ги зема предвид сите барања на Србија.
„Ние се уште не сме го добиле извештајот на генералниот секретар на ОН, но според информациите со кои располагаме тој целосно ги зема предвид сите барања на Србија од преговорите“, изјави Јеремиќ.
Министерот за надворешни работи на Косово Скендер Хисени вчера отпатува во Њујорк. Хисени, како што наведуваат приштинските медиуми, упатил официјално барање да му биде одобрено да говори на седницата на Советот за бебзедност на ОН.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град