Вилијем Александер ќе стане холандски крал

Холандија денес, по повеќе од еден век со кралица на тронот, ќе го добие кралот Вилијем-Александар.

 |  Голабовски Крсте  | 
wiliam i belatriks
вилијам и белатрикс

Холандската кралица 75-годишниата Беатрикс ќе абдицира во корист на својот син, 46-годишниот Вилијем-Александар, по 33 години минати на престолот, во кои го трансформирала кралството во модерна монархија.

kral viliemТаа ќе ја потпише абдикацијата во кралската палата во Амстердам во присуство на својот сим Вилијем-Александар и неговата сопруга Максиме. Со овој чин Беатрикс ќе се врати на својата поранешна титула на принцеза, а нејзиниот син ќе стане Крал Вилијем-Александар, кого медиумите го опишуваат како сериозен семеен човек кого народот многу го сака.

Новиот крал потоа ќе биде крунисан во катедралата во центарот на Амстердам. Вилијем-Александар така ќе стане првиот крал на оваа монархија по повеќе од еден век.Парот, кој денес станува кралски, има три ќерки, принцезите Катерина-Амалија, Алексија и Аријана.

Амстердам е симболично обоен во портокалова боја, официјалната боја на холандското кралско семејство.

На свечената церемонија ќе присуствуваат голем број на гости, 18 претставници од кралски семејства, меѓу кои и престолонаследници како принцот Чарлс, шпанскиот принц Фелипе и јапонскиот принц Нарухито.

Околу 10.000 полицајци се распоредени во градот, а во резерва има и околу 2.000 војници кои би можеле да реагираат во секој момент.

Кралицата Беатрикс во јавноста ќе биде запаметена по тежнеењето кон перфекција, беспрекорната облека и богатата колекција на шешири.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top