За најмалите стружанчиња кои посетуваат градинка, денес се одржаа прилагодени предавања за значењето на вакцините.
За најмалите стружанчиња кои посетуваат градинка, денес се одржаа прилагодени предавања за значењето на вакцините. Едукативните предавања во струшката градинка 8-ми Март, клонот Пеперутка, ги одржа раководителот на одделението за вакцини при струшкиот здравствен дом, д-р Божана Велкова. Во рамките на неделата за имунизација се одржуваат вакви предавања не само за децата од градинките туку и за струшките основци. Д-р Велкова вели дека досега во општина Струга не се забалежани случаи на невакцинирани деца, а висок е процентот и на Хпв вакцините.
„ Во Струга процентот со имунизација на ХПВ вакцината, која е задолжителна од пред три години, во однос на другите градови е доста висок. Неодамна на средба со колегите од земјава констатирале дека оваа вакцина има покриеност и до 90 посто споредено со другите градови. Во Источна Македонија тој процент е и 100 посто“, кажува д-р Велкова.
Во Струшката градинка 8-ми Март во моментов се запишани околу 400 деца. Во клонот Пеперутка се згрижени 200 деца. Директорката Флореше Емуш, објаснува дека при упис во нивната градинка, во која има деца во мешовити групи на македонски и албански јазик, задолжително се применуваат одредени процедури.
„При прием во градинката се задолжителни микробиолошки наод, препис од систематки преглед и картон на вакцина. Родителите ја почитуваат процедурата и кај нас нема не имунизирани деца“, потенцира Емуш.
Под мотото „Заштити го светот – вакцинирај се“ годинава во РМ по 8 -ми пат се одбележува европската недела на имунизација. Во рамките на одбележувањето низ целата држава се оргaнизираат едукатвини предавања во градинките и основните училишта. Македонија има позитивна оценка од Светската здравствена организација во однос на имунизацијата.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град