ООН и натаму останува „најголемата бирократска машина“

Најважната светска организација и понатаму е најмалку функционална.

 |  Голабовски Крсте  | 
Ban Ki Mun
Бан Ки Мун

Оваа недела поранешен вработен во ОН го опиша вкоренетиот систем на неказнување внатре во организацијата, истата таа што ги казнува тие што ги објавуваат нејзините грешки во работата. Џејмс Вејзерстром американски дипломат, вели дека добил отказ и бил затворен од страна на полицијата на ОН, која му го претресла станот, откако пријавил можна корупција меѓу високи лидери на ОН на Косово.

– Организацијата треба да ги застапува идеалите за човекови права, антикорупција и владеење на правото. Но, од внатре не ги применува, тврди Вејзерстром.

ОН се најдоа на удар на критики и откако минатиот месец се одлучија да не исплатат компензација за семејствата на 8.000 луѓе од Хаити и 646.000 кои се разболеле од епидемија на колера во 2010 година, за која експертите тврдат дека ја покренале мировни трупи на ОН од Непал.

ОН секогаш биле и ќе бидат несовршена институција. Нејзината најголема сила и слабост, се нејзините 193 земји членки. Со добивање на мнозинство околу главните прашања, реформи или воздржаност од политичко покровителство, може да биде многу возбудливо. Срамното руско блокирање на акциите против Сирија во Советот за безбедност на пример покажа ограниченост на ова застарено тело.
За жал, додека Обединетите нации влегуваат во потенцијално опасна фаза во поглед на мисијата за одржување на мирот, недостасува раководењето на Бан Ки Мун.

генерално собрание ОНПоранешниот јужнокорејски министер за надворешни работи ја потенцира борбата против глобалното затоплување, воспоставување на одржлив развој и зголемен број на жените на водечки позиции. Но, не успеа да обезбеди динамично лидерство и реформи на институцијата на која тоа очајнички и е потребно.

– Тоа е прилично помешана ситуација – тврди еден висок службеник на ОН, кој сакаше да остане анонимен. – Бан поминува многу време во Давос, Северниот поларен круг или во Монако, а во меѓувреме прашањата како иднината на мировните трупи е во сериозна криза.

ОН повторно почнуваат амбициозна операција за одржување на мирот, како што беше случај во 90-тите и што заврши катастрофално. Советот за безбедност минатиот месец го одобри формирањето на интервентна бригада од 3.000 војници од ОН во Конго со мандат без преседан да се борат на страната на владата против бунтовниците. Исто така се очекува доаѓање и на 11.000 мировници од ОН во Мали, каде Французите водат битка против милитантни формации, а можна е мисија и во Сомалија.

Необучени и слабо опремени војници со нејасни инструкции за тоа кога да се употреби сила, беа разместени во Сомалија, Руанда и Босна. Цивилите кои очекуваа да бидат заштитени, беа напуштени.
Далеку посрамен случај е убиствата на 500.000 припадници на народите Тутси и Хуту во геноцидот во Руанда во 1994 година. ОН ветија дека во 1995 година ќе ја заштитат Сребреница во источна Босна, но во тоа не успеаја, па беа убиени 8.000 муслимански мажи и млади момчиња.

Некои лидери на ОН се плашат дека интервентната бригада во Конго претставува опасен преседан, а ни слабо опремените мировници во Мали нема да можат да се справат со џихадистите.

– Се укинуваат добро воспоставени принципи на мировните трупи, а мислам дека недоволно е промислено за далекусежните последици – тврди еден службеник на ОН.

Истовремено, американските лидери повикуваат на сеопфатна реформа на управата на ОН, која само на патни трошоци во изминатите две години потрошиле 769 милиони долари, што осум пати го надминува предвидениот буџет.

Синдикатите на вработените и нивните сојузници го блокираа донесувањето на мерки кои би го натерал персоналот на ОН, како и во случај на многу други дипломати, да се ротираат на позициите кои варираат од многу тешки во воените зони, до отмени позиции во Њујорк, Женева и Рим. Отпуштањето на вработените, дури и на тие кои се фатени во кражба, бара огромен напор на бавниот внатрешен правосуден систем.

Вејзерстром тврди дека главните проблеми најмногу се позиционирани кај највисоките лидери вклучувајќи го и Бан Ки Мун, кој заговара реформи, но самите работат многу малку во тој поглед.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top