Штрајк на вработените од „Луфтханза“

Вработените во „Луфтханза“ рано утрово започнале штрајк како предупредување поради што се откажани околу 1.700 летови.

 |  Голабовски Крсте  | 
strajk
штрајк

Вработените во „Луфтханза“ рано утрово започнале штрајк како предупредување поради што се откажани околу 1.700 летови.

Патниците биле навреме предупредени, па на аеродромот во Франкфурт нема голем метеж.

„Терминалот е празен, бидејќи најголемиот број на патници беа предупредени за штрајкот“, пренесуваат медиумите, кои пишуваат дека од овој штрајк се посебно погодени патниците кои планирале да летаат во Европа.

strajk„Луфтханза“ ги советувала патниците да се информираат преку Интернет и телефон околу статусот на нивните летови, а за сообраќај низ Германија, како алтернатива се користи железницата.

Од „Луфтханза“ велат дека не сметаат на преполните аеродромски терминали, туку денеска ќе биде мошне мирно на аеродромите, бидејќи патниците навреме се предупредени на овој штрајк.

Синдикатот на вработените бара зголемување на заработката од 5,6 отсто во период од 12 месеци и гаранција на работните места за 33.000 вработени техничари и и во секторот сервис, додека работодавачот во преговорите нуди меѓу 0,4 и 0,6 отсто.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top