Француското претпријатие Поли Имплант Протезе (ПИП) со години продавало имплантати за гради полни со евтин индустриски силикон.
Денеска (17.04) почнува судскиот процес за тешка измама. Судскиот процес почнува три години по откривањето на скандалот со силиконски имплантати за гради полни со евтин индустрсикси силикон. Станува збор за мамутски процес во кој осомничените се обвинети за тешка измама на потрошувачи. Пресудата се очекува кон крајот на годинава. Обвинети се основачот на фирмата ПИП, која во меѓувреме банкротираше, Жан-Клод Мас, како и четворица негови поранешни соработници. Ним им се заканува затворска казна во траење до пет години.
Скандалот беше откриен откако зачестија информациите за зголемена опасност од пукање на имплантатите. Силиконите од фирмата ПИП биле ставени во градите на половина милион жени од цел свет, меѓу нив и голем број Германки.
Повеќе од 5000 оштетени жени поднесоа кривични тужби. Добар дел од нив ќе го следат судскиот процес на лице место, во Марсеј. Како котужители се јавуваат 1100 жени. Освен тоа, меѓу котужителите е и ТИФ Рајнланд, службата која ги тестирала силиконите. Основачот на фирмата ПИП, Жан-Клод Мас, веќе призна дека го измамил ТИФ Рајнланд. Имено, неговите контролори се најавувале десет дена претходно, што било доволно време за да исчезне.
евтиниот материјал. Мас призна дека од 1995 година, во три четвртини од протезите бил ставан евтин гел. Дали тој датум навистина е точен, досега нема потврда. Во сослушувањето на обвинетите околу ова има противречни изјави.
Сомневањето за можна поврзаност на ПИП-имплантатите и забoлувања од рак научно не е расчистено. Меѓутоа, евтиниот силикон може да предизвика воспаленија доколку истече од пукнатите имплантати. Прашањето колку имплантатите на ПИП се поопасни за здравјето отколку оние со висококвалитетен силикон, останува исклучено од актуелниот судски процес. Обвинителството најрано за една година можеби ќе покрене втор судски процес со обвинение – убиство без предумисла и телесна повреда.
Германија и Франција на погодените жени им препорачаа во знак на претпазливост да ги отстранат своите силиконски перничиња.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град