Првиот вештачки бубрег

Соопштено е дека вчера за првпат бил направен бубрег во лабораторија, а истиот е пресаден на животни и почнал да произведува урина.

vestacki bubreg
вештачки бубрег

Соопштено е дека вчера за првпат бил направен бубрег во лабораторија, а истиот е пресаден на животни и почнал да произведува урина.

Слични техники на создавање едноставни вештачки делови на телото веќе се користат на пациентите. Меѓутоа, бубрегот досега е прв од најкомплицираните органи кои научниците успеале да ги направат во лабораториски услови.

vestacki bubregВо истражувањето, објавено во списанието „Природна Медицина“, се истакнува дека вештачките бубрези не се толку ефикасни како природните, но истражувачите на регенеративната медицина веруваат дека оваа област има огромен потенцијал.

Бубрезите филтрираат крв, со цел преку неа да ги отстранат отпадните материи и вишокот на вода. Тоа се и најбараните органи за пресадување, со долги листи на чекање.

Во оваа техника, научниците го користат стариот бубрег кој го чистат од сите стари клетки за да добијат калап сличен на кошница за пчели. Потоа бубрегот се реконструира од клетки земени од пациентите.

Овие вештачки бубрези се дело на истражувачите од Општата болница на Масачусетс.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top