Нема да има крај на светот, сами ќе заминеме

Стивен Хокинг, британскиот физичар што својата кариера ја помина во дешифрирање на вселената, повика на продолжување на нејзиното истражување – за доброто на човештвото.

Stephen Hawking
Стивен Хокинг

Стивен Хокинг, британскиот физичар што својата кариера ја помина во дешифрирање на вселената, повика на продолжување на нејзиното истражување – за доброто на човештвото.

Stephen Hawking„Ние нема да преживееме уште 1.000 години без да избегаме од нашата кревка планета“, рекол 71-годишниот Хокинг во вторникот во медицинскиот центар Седарс-Синаи во Лос Анџелес, каде што бил во посета на лабораторија за матични клетки што е фокусирана на обидот да ја забави прогресијата на болеста Лу Гериг, која му беше дијагностицирана нему пред 50 години.

Хокинг ја споредил работата на центарот со својот поход да ги разбере основните правила на универзумот.

„За да го разбереме универзумот на најдлабокото ниво, ние мора да разбереме зошто постои нешто наместо ништо“, рекол Хокинг, зборувајќи преку компјутерската програма што движењата на неговите очи и образи ги претвора во говор. „Зошто постоиме? Зошто оваа група на закони, а не некоја друга? Јас верувам дека одговорите на сите овие нешта се во М-теоријата.“

Теоријата, рекол тој, комбинира повеќе идеи во врска со математиката и физиката. Таа сугерира дека постојат повеќе димензии или универзуми и нуди решенија за однесувањето на супермасивните црни дупки и за својствата на структурата на просторот-времето. М-теоријата сè уште се развива, но Хокинг рекол дека верува дека таа е најнадежната трага што може да доведе до една унифицирана теорија.

columbia„Ако разберете како функционира универзумот, вие на некој начин го контролирате“, рекол авторот на „Кратка историја на времето“, која се продава во милиони примероци.

„Вашиот универзум е голем триумф“, изјавил пред својата публика. „Сакам да ги споделам мојот ентузијазам и возбуда околу оваа голема потрага. Запомнете да гледате нагоре кон ѕвездите, а не кон своите стапала… Бидете љубопитни. И колку и да изгледа тежок животот, секогаш постои нешто што можете да го направите и да успеете во него“.

Los Angeles Times, има повеќе детали од говорот на овој познат теоретски физичар, кој стана прочуен по проучувањето на црните дупки, масивни структури што сопираат цели галаксии и чија гравитација е толку силна што дури ни светлината не може да избега.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top