Лични предмети на Тито или државна сопственост?

Државна комисија ги отворила сефовите во Народната банка на Србија.

 |  Голабовски Крсте  | 
Tito i Jovanka Broz
Тито и Јованка Броз

Државна комисија ги отворила сефовите во Народната банка на Србија, во кои Претседателството на СФРЈ ги оставило сите работи на Тито по неговата смрт.

Трочлената комисија составена од: професорот Оливер Антиќ, советник на председателот на Србија, генералот Милорад Симиќ и Ненад Јевремовиќ.

Josip Broz TitoШто открила делегацијата во сефот на тито, во следните 10 дена останува државна тајна, додека не се утврди природата на предметите.
До денешен ден, 30 години не се знаело дали во прашање се лични работи на Јосип Броз или државен имот.

Отворањето на сефот се случило по иницијатива на Првиот основен суд во Белград, пред кој се води расправа меѓу наследниците на Тито, кои испратиле барање за увид во содржината на сефовите. Според законот, наследниците не смееле да присуствуваат на отворањето на сефовите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top