• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Струга
  • Поништување на резултатите од гласањето во Струга, бараат од Коалицијата на Вмро Дпмнe и СДСМ

Поништување на резултатите од гласањето во Струга, бараат од Коалицијата на Вмро Дпмнe и СДСМ

Поништување на резултатите од вчерашното гласање во Струга побараа од Коалицијата на Вмро Дпмнe и СДСМ.

 |  Валентина Неловска  | 
d-r Vlado Kocovski
д-р Владо Кочовски

Поништување на резултатите од вчерашното гласање во Струга побараа од Коалицијата на Вмро Дпмен и СДСМ  на заедничка прес конференција. Тие  обвинија дека вториот круг од локалните избори бил нерегуларен и побараа од ДИК да ги поништи резултатите,   според кои победник е кандидатот на ДПА Зијадин Села. Посочија  примери на низа нарушувања на изборниот процес кој влијаеле на крајниот резултат од гласањето.

Крсто Мукоски, член на ИК на ВМРО ДПМНЕ и координатор на ИШ на кандидатот за градоначалник Владо Кочоски кажа дека изборните резултати во општина Струга за нив  се целосно нерегуларни и неважечки.

„Како доказ за овие нерегуларности се признавање на резултатите од повеќе избирачки места каде што беа евидентирани празни избирачки ливчиња и каде беа утврдени повеќе избирачки ливчиња во гласачките кутии. Оттука бараме од ДИК да го поништи целосно вториот круг во општина Струга и да овозможи фер и регуларно гласање, да овозможи нов изборен круг на кој граѓаните на Струга слободно ќе ја изразат својата желба и волја без никаков притисок и диктат“ .

кочкоски

Кандидатот  за градоначалник Владо Кочоски,  се заблагодари на сограѓаниет кои го поддржале на изборите , а  упати обвинување до неговиот  противкандидат. 

„Мојот против кандидат на денот на изборите   го прекршил изборнит законик пред  неколку гласачки места, вршел агитација и пропаганда за гласање, тоа се случило  во Лабуништа, Октиси и пред општина Струга“.                                                                                                                                                                                                                                                                                                    Ристе Ќушкоски, претседателот на општинската организација на СДСМ во Струга, укажа на  примери за изборни нерегуларности на две гласачки места  1906 и 1907 во Лабуништа.

„ Во Лабуништа имаше јавно гласање, шест души гласаат јавно, а претседателот на избирачкиот одбор воопшто не реагираше. Исто така во избирачко место затекнат е член со туѓа лична карта, а претседателот на избирачкиот одбор наместо да реагира го извлекува лицето од избирачкото место“.

За посочените неправилности, според ВМРО ДПМНЕ и СДСМ одговорна е Општинската изборна комисија.

Пратеничката Лилјана Затуроска апелираше до ДИК ако ги прифати забелешките и неправилностите , да озозможи во следниот изборен циклус минимални  услови за легитимен избор.

„ Бараме разрешување на членовите на  ОИК на чело со претседателот Џингис Хани и членовите Камбер Даути и Патриот Даути кои беа директни учесници во нерегуларностите и поддржувачи на овие нерегуларности“, побара  Затурсока.

 Затуроска , нагласи дека е потребна промена и на составот на изборните комисии, односно да се овозможи правична застапеност на македонците во изборните комисии, со што ќе се овозможат услови во Струга да има легитимни избори.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top