Кој се работи и управува со невладините организации во Русија? Школувани разузнавачи и оперативци сега во улога на лидери на НВО, пренесува РИА Новости.
За да докажат дека проверките на финансиите и работата на невладините организации во Русија не се без причина, на амбасадорот на САД во Москва Мајкл Макфол домаќините му предочиле список на американски разузнавачи кои предводат невладини организации во Русија.
Директорката на Институтот за надворешнополитички истражувања и иницијативи Вероника Крашениникова, за време на одржувањето на округлата маса на тема „За проблемите и перспективата на граѓанското општество на Русија и САД“, таа на амбасадорот Макфол му кажала „кој е кој“ меѓу Американците во невладините организации.
„Одличен пример е биографијата на поранешниот таководител на канцеларијата на УСАИД во Москва Чарлс Норт. Тој ја завршил Националната војна академија каде во 2004 добил титула магистар за стратегии за национална безбедност. Тука е и Даглас Минарчик. Кој во УСАИД бил задолжен за Европа и Азија дури 26 години. Тој бил во американската воена авијација, имал 211 летови и бил инструктор за специјални операции. Тој бил и воен советник на претседателот на САД против тероризмот и конфликти со мал интензитет.
Минарчик предавал и во школата за специјални операции за водење акции против партизанско војување“, кажала Вероника Крашениникова. Квалификациите на тие луѓе не се потребни за работа во УСАИД, која во Русија требало да се занимва со давање помош во областа на здравството.
„Слична е ситуацијата и во фондот „Мекартуров“. Претседателот на програмата за меѓународна соработка бил Бари Лоуен Крон. Тој одлучувал кој во Русија ќе ги добие грантовите, односно неповратните стипендии. Истиот Бари Крон претходно работел како специјален помошник на директорот на ЦИА, како директор на аналитичкиот оддел во Советот на националната разузнувачка служба. Со такви квалификации тој бил човекот што им делел грантови на руските организации“, изјавила Крашениникова. Овој Фонд ѝ дал 750.000 долари на Московската хелсиншка група и 2,5 милиони долари на московскиот Карнеги центар.
Крашениникова истакнала уште неколку примери на поранешни разузнавачи кои дошле да бидат „хуманитарци“ во Русија.
Американскиот амбасадор не ја негирал вистинитоста на биографиите што ги навела Вероника Крашениникова, туку кажал дека „луѓето треба да се оценуваат по нивната сегашна работа“.
Во Русија во ноември минатата година стапи на сила закон за НВО кои се бават со политика а добиваат пари од странство. Таквите невладини организации мора да се регистрираат во министерството за правосудство. Таков закон постои во САД уште од 1938 година, и сѐ уште е на сила.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град