На што се палат физичарите?

Инженерите започнаа огромен апгрејд на Големиот хадронски забрзувач (LHC), со цел двојно да се зголеми моќта на моментално најмоќниот забрзувач на честички во светот.

lhc
лхц

Инженерите започнаа огромен апгрејд на Големиот хадронски забрзувач (LHC), со цел двојно да се зголеми моќта на моментално најмоќниот забрзувач на честички во светот.

Научниците веруваат дека зголемување на моќноста ќе им овозможи да откријат нови честици кои ќе доведат до покомплетни теории за тоа како функционира универзумот. Д-р. Пипа Велс, која работи на проектот, за БиБиСи вели дека може да се очекуваат уште многу интересни работи.

lhc„Последните две години беа највозбудливи откако се занимавам со физиката на честичките. Луѓето неверојатно се мотивирани. Имаше големо откритие (Хигсовиот бозон) и сега сакаат да продолжат,“ изјавила Велс.

Сега инженерите ги заменувале првите конектори на LHC, а треба да бидат заменети вкупно 10.000. Ќе се тестираат и заменат магнетите со чија помош забрзувачот ги држи честичките групирани.

На проектот работат 800 луѓе, а чини 80 милиони евра. Прв пат хадронскиот забрзувач се расипа во 2008-ма, веднаш откако беше стартуван, а до проблем дошло кога врските меѓу магнетите не можеле да ја издржат струјата што минувала низ нив.

После последното „затегнување“ на LHC, протонски зраци ќе треба да се судрат со двојно поголема енергија од претходно, заради што истражувачите и се возбудени. Тоа би било вовед во тнр. нова физика.

„Големиот хадронски забрзувач не е направен за да изведе само еден трик – да се најде Хигсовиот бозон. Се надеваме дека ќе најдеме нешто сосема ново, што ќе ја смени претставата за универзумот,“ додала Пипа Велс.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top