Нема договор меѓу Белград и Приштина

Делегациите на Србија и на Косово предводени од премиерите Ивица Дачиќ и Хашим Тачи ни по над 12-часовните разговори во Брисел не постигнаа договор за заедницата на српските општини на северот на Косово.

 |  Голабовски Крсте  | 
pregovori
преговори

Делегациите на Србија и на Косово предводени од премиерите Ивица Дачиќ и Хашим Тачи ни по над 12-часовните разговори во Брисел не постигнаа договор за заедницата на српските општини на северот на Косово.

Според посредникот во дијалогот, високата претставничка на Европската унија Кетрин Ештон, јазот меѓу двете страни бил тесен, но длабок.

Претседателот на српската влада Ивица Дачиќ изјавил дека засега нема договор во дијалогот со Приштина и дека остануваат разликите во ставовите околу надлежностите на идната заедница на српски општини – полицијата и правосудството, јавува Блиц. По него на новинарите им се обратил и Хашим Тачи, кој ја најавил можноста за нова средба во следните седум дена.

znaminja„Ние во моментов немаме договор. Имаме уште време да дојдеме до договор и да ги собереме впечатоците по овие долги разговори“, им изјавил Дачиќ на новинарите во Брисел. Тој додал и дека делегацијата на Србија била единствена и дека разговорите биле тешки и исцрпувачки, не според тонот, туку според тоа што се добива и што се губи. Вицепремиерот Александар Вучиќ во еден момент дури ја понудил својата оставка, но Дачиќ ја одбил.

„Свесен за тежината на проблемот, Вучиќ во еден момент ми понуди оставка, која, нормално, не ја прифатив“, кажал Дачиќ.

„Постигнавме голем степен на разбирање во нормализација на нашите односи со Приштина, но големи се и разликите во пристапот кога станува збор за некои поважни прашања“, кажал Дачиќ и додал дека договорот со Приштина е во интерес на двете страни. Тој повторил дека Србија, дури и ако не се постигне договор, ќе остане посветена на дијалогот во секој формат, на секое место, па дури и директно со косовските власти, без посредници.

Околу информациите за повишените тонови меѓу учесниците на состанокот, Дачиќ кажал дека тоа е нормално, и дека вчера атмосферата била малку понапната затоа што се мислело дека тоа е последен ден за преговорите.
Косовскиот премиер Хашим Тачи кажал дека е можен нов состанок во следните седум дека „доколку Србија се согласи со принципите на Косово“.

„Уште еднаш сакам да истакнам дека асоцијацијата на општини нема да има извршни и законодавни овластувања, а подготвени сме да понудиме сѐ што доаѓа од косовскиот устав. Ако Србија се согласи со принципите, следната рунда ќе се случи во почетокот на следната недела“, кажал Тачи.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top