Американското обвинителство во сојузната држава Колорадо соопшти во понеделникот дека има намера да бара смртна казна за Џејсм Холмс кој е обвинет дека уби 12 луѓе во текот на полноќна кино во јули 2012 година.
Американското обвинителство во сојузната држава Колорадо соопшти во понеделникот дека има намера да бара смртна казна за Џејсм Холмс кој е обвинет дека уби 12 луѓе во текот на полноќна кино во јули 2012 година.
Обвинителот Џорџ Брушлер се обврза дека ќе се советува со семејствата на жртвите пред да ја донесе одлуката за смртната казна на процесот против 25-годишниот Џејмс Холмс, закажан за август.
Обвинителот Бушлер соопшти дека на сослушувањето неговата канцеларија разговарала со вкупно 800 луѓе, преживеани во пукањето, ранетите и семејствата на жртвите и дека лично разговарал со 60 од нив.
Холмс е обвинет за убиството на 12 лица и за ранување на уште 70 на полноќната премиерна проекција на најновото продолжение од франшизата на стрип јунакот Бетмен, „Рицарот на темнината; Враќање на легендата”, во Аурора, предградие на Денвер во државата Колорадо, на 20-ти јули минатата година. Поранешниот студент на Универзитетот Колорадо е обвинет за повеќекратно убиство и обиди за убиство.
Обвинителот пред судот во Сентениал изјави дека има намера да бара смртна казна за Холмс. Во сојузната држава Колорадо три лица се осудени на смрт, но извршување на смртна казна не се случило од 1979 година.
Во средата адвокатите на Џејмс Холмс изјавија дека нивниот клиент рекол дека е подготвен да се изјасни за виновен. Доколку обвинителството се откажа од барањето за смртна казна и му одреди доживотна казна без можност за помилување. Во американскиот правосуден систем признавањето на вината овозможува избегнување на процес, преку договор со обвинителството.
Меѓутоа, веќе во четвртокот обвинителството го отфрли предлогот на Џејмс Холмс. Против него се подигнати 166 тужби, меѓу кои и за 12 убиства со предумисла и повеќе десетици обиди за убиство со предумисла за сите ранети. Обвинет е и за поседување експлозиви и запаливи средства.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град