Најубавиот ангел

Доколку помисливте дека станува збор за Кејт Мос, Андријана Лима или пак Алесандра Амбросио, грешите… Запознајте ја Џоан Смолс.

Joan Smalls
Џоан Смолс

Убавицата Џоан Смолс од Порторико оваа година е на првото место на списокот манекенки на интернет порталот “Models.com”, пишува “The Sun”. Тоа значи дека Смолс, покрај тоа што е ангел на компанијата “Victoria’s Secret”, има ангажмани и за ревии и маркетинг кампањи, а не стигнува да се одмори и поради најразличните Модни недели.

Joan SmallsСмолс има 25 години, а само четири години е на модната сцена, но сепак, неа ја обожаваат сите дизајнери, од Стела Мекартни, до оние од модната куќа “Versace”. Таа е родена во село во Порторико, на фарма, а со манекенството сакала да се занимава уште од детството, но нејзините традиционални родители не ја подржувале во тоа.

Кога наполнила 16 години, таа направила “договор” со својот татко, кој го финансирал нејзиниот пат во Њујорк на кастинг, под услов Џоан да се запише на факултет и да дипломира. Така, атрактивната бринета дипломирала на факултет за психологија, а направи и бум во модната индустрија.

Во нејзината кариера веќе има остварено соработка со “H&M”, “Estee Lauder”, “Estee Lauder”, беше на насловната страна на “Vogue” и на други престижни магазини, а потпиша и договор за да стане ангел на “Victoria’s Secret”.

Од првите свои заработени пари на татко и му купила автомобил, а на мајка и нова кујна. Моментално таа е активна во хуманитарна организација која им помага на децата со посебни потреби.

Додека многу актуелни манекенки се препознатливи според градите или некој впечатлив дел од лицето, Џоан е совршена затоа што не изгледа “посебно”, но е прекрасно-обична, како што ја опишуваат модните експерти.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top