Новоизбраниот американски претседател Барак Обама ја поддржа кандидатурата на Чикаго за Олимписките игри во 2016. година.
Новоизбраниот американски претседател Барак Обама ја поддржа кандидатурата на Чикаго за Олимписките игри во 2016. година.
Функционерите кои ја претставуваа кандидатурата на Чикаго на состанокот на Европскиот олимписки комитет во Истанбул, вчера емитирале видео снимка на кој Обама ја поддржал кандидатурата на американскиот град за Игрите во 2016. година.
Обама рекол дека неговата администрација ќе внесе „свежина” со која Америка ќе ги решава светските проблеми, додавајќи дека Олимписките игри се „шанса Америка да го нагости светот, но и да го зајакне пријателството на глобално ниво”.
Новоизбраниот претседател на САД во моментот живее во близина на местото каде што ќе се гради олимпискиот стадион во Чикаго.
Освен Чикаго, во трка за организација на ЛОИ 2016. година се и Мадрид, Токио и Рио де Женеиро.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град