Со доаѓањето на пролетта, сите полека почнуваме да размислуваме за летото, гардеробата ни станува полесна, а килограмите кои речиси сите сме ги ставиле за време на зимскиот период, стануваат проблем кој почнува да ги преокупира нашите мисли.
Со доаѓањето на пролетта, сите полека почнуваме да размислуваме за летото, гардеробата ни станува полесна, а килограмите кои речиси сите сме ги ставиле за време на зимскиот период, стануваат проблем кој почнува да ги преокупира нашите мисли.
Згора на ова рецептите за диети и рекламите за средства за слабеење не бомбардираат од сите страни. Протеинска, овошна, лимонова, аткинсонова,лунарна, десетдневна, се само некои од диетите, за кои женскиот дел од популацијата најмногу коментира. Оние кои ја зголемиле телесната тежина во текот на зимата, сега во паника се обидуваат да го симнат вишокот за кратко време, иако лекарите предупредуваат дека брзото и нагло слабеење е опасно,а уште поопасни се хемиските супстанции и суплементи со кои сакааме да го добииеме изгледот од соништата. Предупредувањата на лекарите зборуваат дека со ваквата неправилна исхрана загубените килограми брзо се враќаат, а диетите и суплементите за слабеење може сериозно да го нарушат здравјето. Не сакаме да ве уплашиме но еве чисто информативно, што нездравите и брзи диети може да предизвикаат кај вас.
Крварења во бубрезите и цревата , главоболки, стомачни грчеви, тахикардии, вештачки дијабетес, слабокрвност, кршливи коски се само врвот од брегот на здравствени проблеми кои можете да си ги натоварите на врат. Здравствените лица потенцираат дека секое слабеење на повеќе од три килограми во никој случај не би требало да се прави без лекарски надзор. Лекарите предупредуваат и дека одредени нутриционисти не ги познаваат болестите, па со препишување одреден режим на исхрана им прават штета на пациентите што сакаат да си ја намалат тежината. Илузорно е и смешно да бидеме комотни во исхраната неколку месеци, а потоа да очекуваме некоја хемија на магичен и брз начин да го реши вишокот килограми, а што е најважно тоа да биде здраво. Брзото и нагло слабеење со строга и неправилна диета е шок за организмот, а кога диетата ќе се прекине, килограмите експресно се враќаат.
Голем број од припадничките на понежниот пол грешат мислејќи дека доколку не внесуваат јагленихидрати ќе изгубат од килограмите. Можеби тоа е така, но ова губење на јагленохидратите е и експресен воз кон вештачкиот дијабетес. Средствата и суплементите пак кои се продаваат пак првенствено или го зголемуваат метаболизмот, па така стимулирајќи го централниот нервен систем, или ја блокираат ресорпцијата на масти, па може да направат аритмии и срцеви проблеми – велат лекарите.
Ако навистина сакаме да сториме нешто во врска со изгледот а цената да не биде нашето здравје мора да се направи добар баланс меѓу внесот на храна и трошењето калории, односно да се јаде умерено и да се има зголемена физичка активност, советуваат лекарите.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град