Папата Францис денеска е свечено устоличен за нов поглавар на Католичката црква.
Папата Францис денеска е свечено устоличен за нов поглавар на Католичката црква. На свечената инаугуративна миса на плоштадот Свети Петар во Ватикан, на која новиот Папа ја презеде службата, пристигнаа над стотина илјади верници.
На големата свеченост пристигнаа голем број светски и европски државници меѓу кои и претседателот на Македонија, Горѓе Иванов.
„Драги браќа и сестри, му благодарам на Господ што можам да ја славам оваа света миса на почетокот на мојата служба како Папа. На празникот на Св.Јосип, на именденот на Рајтцингер продолжувам по неговите стапки“, рече Папата на проповедта и порача – чувајте се еден со друг, чувајте ги своите деца, а тие кога ќе пораснат ќе бидат чувари на своите родители.
„Го славиме почетокот на новиот бискуп во Рим, наследникот на Петар. Тоа со себе носи и одредена власт, но за каква власт станува збор? Никогаш да не заборавиме дека вистинската моќ е во служењето. За да може Папата таа моќ да ја издржи, мора да започне со служење и да им даде личен пример на сите, мора да ја негува покорноста на служењето“, рече Папата.
Папата Францис вчера на Твитер запиша: Им благодарам на сите и ги молам и понатаму да се молат за мене.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град