Една година затвор за Берлускони

Силвио Берлускони вчера првостепено беше осуден на една година затвор.

 |  Голабовски Крсте  | 
Silvio berlusconi
Силвио Берлускони

Силвио Берлускони вчера првостепено беше осуден на една година затвор.

Silvio berlusconiСудот во Милано пресуди дека Берлускони незаконски во своја корист употребил доверлива информација при купувањето на Унипол. Според Судот, Берлускони преку своите весници објавил транскрипт од снимени разговори поврзани со банкарски скандал во 2006 година. Бившиот италијански премиер има право на жалба на затворската казна, која не е правосилна сѐ додека не се исцрпат сите судски инстанци. Тој и претходно беше осудуван на затворски казни, но по постапките пред апелацискиот суд успеа да го избегне затворот.

Ова е првата од трите пресуди за Берлускони што се очекуваат овој месец. Другите две се однесуваат на делото „Рубигејт“, исто така во прва инстанца, и на процесот за даночни измами Медиасет, кој е пред апелацискиот суд.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top