Актерката Кери Фишер која ја толкуваше улогата на принцезата Леа во оригиналната трилогија „Star Wars“ ќе ја повтори оваа улога во претстојното филмско остварување на „Star Wars: Episode VII“.
Актерката Кери Фишер која ја толкуваше улогата на принцезата Леа во оригиналната трилогија „Star Wars“ ќе ја повтори оваа улога во претстојното филмско остварување на „Star Wars: Episode VII“.
Во интервјуто за Palm Beach Illustrated кога била запрашана за тоа дали ќе се појави во најновиот филм, актерката одговорила потврдно. Еве како таа го гледа ликот денес:
„Постара жена која се наоѓа во интергалактички дом за стари лица. Мислам дека Леа ќе биде иста како и претходно, можеби сега малку побавна и помалку желна за големи битки“,смета Фишер.
„Star Wars: Episode VII“ во киносалите ќе се појави во 2015 година, а како режисер се појавува Џеј Џеј Абрамс, кој е ангажиран и околу новиот серијал филмови за „Star Trek“.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град