Кардио анализа на фудбалските фанови

Пребројувањето кај германските навивачи неспорно покажува дека навивачите страдаат за време на напнатите фудбалски натпревари.

navivacki
навивачки

Пребројувањето кај германските навивачи неспорно покажува дека навивачите страдаат за време на напнатите фудбалски натпревари.

Во анализата за истражувањето се споредува бројот на срцеви удари на ден во 2003-та, 2005-та и за време на Мундијалот во Германија во 2006-та. Скоро без исклучок (освен натпреварот за 3-то место), секој пат кога Германија настапила на Мундијалот, бројот на срцеви удари во најмала рака за два пати се зголемил.

Ако просекот на срцеви удари пред Мундијалот се движел околу 20 на ден, на првиот натпревар на Германија (Германија – Коста Рика 4:2) имало над 40 срцеви удари. Бројот на срцеви удари се зголемува на 50 на денот на вториот натпревар, за да падне под 30 на натпреварот од 3-то коло кога Германија веќе се квалификува во осмина финале.

кардиограмСрцевите удари го достигнуваат својот врв во четвртина финалето (над 60), каде Германија дури на пенали успева да ја победи Аргентина. Откако Германија губи во полуфиналето, паѓа и напнатоста и тензијата кај навивачите па бројот на срцеви удари е малку повисок од просекот.

“Гледањето на стресен фудбалски натпревар за повеќе од два пати ја зголемува опасноста од срцев удар. Очигледно е дека гледањето на важен фудбалски наптревар, кој може да биде поврзан со интензивен емоционален стрес, активира акутен инфаркт и аритмија,” објаснуваат авторите на истражувањето објавено во Журналот за медицина на Нова Англија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top