ООН отсега „Зона без алкохол“?

САД побарале да им се забрани пристапот на дебатите за буџетот на Обединетите нации на пијаните дипломати, соопштила вчера меѓународната институција.

 |  Голабовски Крсте  | 
diplomat
дипломат

САД побарале да им се забрани пристапот на дебатите за буџетот на Обединетите нации на пијаните дипломати, соопштила вчера меѓународната институција.

„Предлагаме на лицата во алкохолизирана состојба во иднина да им биде забранет пристапот во просториите во кои се дискутира“, изјавил пред буџетскиот комитет на Генералното собрание на ОН заменикот на американскиот амбасадор во ОН, Џозеф Торсел, пренесува Ројтерс.

„Мојата влада е искрено благодарна за стратегиските услови кои произлегоа од некои досегашни пракси, но сметаме дека традицијата на наздравување со шампањско треба да се одложи за пригоди кога седниците ќе бидат успешно завршени. Тоа позитивно ќе влијае на угледот на Петтиот комитет“, изјавил Торсел.

diplomatГодишното заседание на Комитетот на ОН за административни прашања и буџет, кој се нарекува и Петти комитет, обично се одржува кон крајот на декември, за време на божиќните празници. Дебатите на тој Комитет често стануваат маратонски седници, кои траат до доцна во ноќта.

Дипломатите што учествуваат на тие седници за агенцијата Ројтерс изјавиле дека не е невообичаено да се видат делегати што покажуваат очигледни знаци на тешко пијанство.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top