12 години штрајк со глад

Четириесет годишната Иром Шармила од Индија, цели 12 години штрајкува со глад, по што била обвинета дека сака да изврши самоубиство.

 |  Голабовски Крсте  | 
Irom Sarmila
Иром Шармила

Четириесет годишната Иром Шармила од Индија, цели 12 години штрајкува со глад, по што била обвинета дека сака да изврши самоубиство.

Таа била префрлена од Манипур во Њу Делхи каде требало судијата да и го прочита обвинението. Таканаречената „челична дама“ го негира целиот случај.

Irom Sarmila“Не сакам да извршам самоубиство. Јас се изразувам преку ненасилен протест. Тоа е моето барање – да живеам како човечко суштество. Го сакам животот и не сакам себе си да си го одземам тоа, туку барам правда и мир”, изјавила таа во своето обраќање пред судијата.
Активистката, позната под прекарот “Челичната лејди од Манипур”, стапила во штрајк со глад во 2000 година, кога воените сили убиле група на цивили. Таа бара да се укине законот со кој на војниците им е обезбеден имунитет од кривично гонење.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top