Се ближи ли крајот на СИДАТА-та?

Лекари во САД излечиле две и полгодишно девојче родено со вирус на ХИВ. Доколку девојчето остане здраво, тоа ќе биде вториот случај на успешно лекување на ХИВ во историјата.

 |  Голабовски Крсте  | 
doktorka
докторка

Лекари во САД излечиле две и полгодишно девојче родено со вирус на ХИВ. Доколку девојчето остане здраво, тоа ќе биде вториот случај на успешно лекување на ХИВ во историјата.

Девојчето старо две и полгодини од американската сојузна држава Мисисипи, родена со вирус на ХИВ, изгледа дека е излечена со примена на стандардни лекови во многу рана фаза, изјавиле научниците. Девојчето е веќе една година без лекови, но и без знаци на инфекција, објавиле истражувачите што вршат голем број тестови за да утврдат дали ќе го добијат истиот ефект и кај други заразени деца.

hivМедицинскиот персонал и научниците не се сигурни зошто лекувањето во овој случај биле ефективно, но се надеваат дека би можело да им помогне во лекувањето на останатите деца. Најголем проблем со деца заразени со ХИВ има Африка, а само во супсахарскиот дел два милиони деца имаат потреба од антивирусни лекови. Инаку, лекувањето на ова девојче почнало 30 часа по нејзиното раѓање.
Лекарите засега не сакаат да го откријат идентитетот на девојчето, а скептиците прашуваат дали постои можност детето воопшто да не било заразено, иако нејзината мајка го имала вирусот.
Научниците кои работеле на нејзиниот случај претпоставуваат дека успеале да го скротат вирусот пред тој да се вгнезди во имунолошкиот систем и дека тука лежи успехот на терапијата. Се очекува деталите наскоро да бидат објавени во медицинско списание за други лекари и научници да можат да добијат увид во случајот.

Во 2007 година Тимоти Реј Браун стана првиот човек целосно излечен од ХИВ.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top