Високата свештеничка на соул музиката

Пејачката, кантавторката, пијанистката, аранжерката и активистката за граѓански права, Нина Симон, е родена на денешен ден, а почина на 21.4.2003.

Nina Simone
Нина Симоун

Пејачката, кантавторката, пијанистката, аранжерката и активистката за граѓански права, Нина Симон, е родена на денешен ден, а почина на 21.4.2003.

Иако не сакала да ја категоризираат, генерално, Нина Симон се вбројува во џез музичарките, а самата го претпочитала изразот „класична музика на црните луѓе“. На почетокот на својата кариера сакала да стане пијанистка на класичната музика, но нејзините дела базирани на класиката покриваат еклектичен спектар на музички стилови, како што се џез, соул, американска народна музика, ритам и блуз, госпел и поп.

За нејзиниот вокален стил, богат и со широк распон, карактеристична е интензивната страст, продорност и впечатливото тремоло. Била позната и како High Priestess of Soul (висока свештеничка на соулот), и посветувала огромно внимание на музичкото изразување на емоциите. Во рамки на еден албум или концерт, често се движела меѓу интензивна среќа и трагична меланхолија, што е својствено и за нејзиниот приватен живот, отжнат од биполарното нарушување што ѝ било дијагностицирано во средината на 1960-тите, а држено во тајност до 2004 година.

Nina SimoneСимон снимила преку 40 студиски и концертни албуми, најголем дел од нив меѓу 1958 (кога бил објавен нејзиниот албум „Little Girl Blue“) и 1974 година. Меѓу најпознатите песни, секако се и „My Baby Just Cares for Me“, „I Put a Spell on You“, „I Loves You Porgy“, „Feeling Good“, „Sinner Man“, „To Be Young, Gifted and Black“, „Strange Fruit“, „Ain’t Got No-I Got Life“, „I Want a Little Sugar in My Bowl“.

Нејзината музика и музичка порака остварија силно и долготрајно влијание врз афроамериканската култура, на што укажуваат и многу современи музичари што ја споменуваат како клучен пример: меѓу нив се и Алиша Кис, Џеф Бакли и Лорин Хил.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top